За Daikin

Daikin Eurpoe

Daikin Europe N.V. е формиран во 1973 во Остенде, Белгија. Во изминативе години компанијата прерасна во гигант кој е сместен во над 150,000m2, простор опремен со најсовремена линија за производство на климатизери во Европа. Произведува опрема за климатизирање на простор при најразлични климатски услови, просто кажано го покрива пазарот од Норвешка до Јужна Африка.
Од неодамна Daikin отвори производни капацитети во Plsen и Brno Република Чешка, кои дополнително го зголемија капацитетот на производство и ја подобрија достапноста до сите пазари. Компанијата располага со подружници во Велика Британија, Шпанија, Германија, Италија, Франција, Белгија, Грција, Португалија, Полска, Централна Европа, Јужна Африка, Холандија и Шведска, исто така поседува сопствена дистрибутивна мрежа низ Европа, Африка и Средниот Исток, поседува канцеларии во Даблин, Москва, Истанбул и Дубаи.

За ИДА Инженеринг

Daikin Eurpoe

ИДА Инженеринг е формирана во 1999 година во Македонија. Главните активности на компанијата се поврзани со климатизација, ладење, заштеда на енергија и дизајн. Нашата компанија прва инсталираше VRV систем во Македонија. Во долгогодишната соработка со Daikin можеме да се пофалиме со многу задоволни клиенти кај кои сме инсталирале HVAC системи со комерцијална, индустриска намена или климатизери за домашна употреба.